Заев потврди - четири изгорени тела извадени од срушениот хеликоптер

Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, во изјава за Либертас ги потврдил информациите дека во трагичната хеликоптерска несреќа загинале четири лица. Toj информирал дека пожарот сеуште не е изгаснат, но, телата на загинатите се извлечени.

Страотната хеликоптерска несреќа се случи вечерва кај Кванташкиот пазар во Струмица.

Според информациите на А1Он станува збор за хеликоптер на МВР, кој се удрил во антена од предавател и се срушил. 

Медицински екипи и пожарникарски возила во моментов се на местото на несреќата. 

10.07.2014 - 23:41
Фото: 
НоваТВ
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега