Пратениците со полни раце работа

Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на првото продолжение на осмата седница, треба да ги именува замениците министри во Владата.

На дневн ред се и верификацијата на мандат на пратеник, Предлог одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија, Предлог одлуката за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците, како и Предлог одлуката за утврдување на составот на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија.

Пред пратениците се и Предлог законот за еднократно отпишување на долговите на граѓаните во прво читање, измените и дополнувањата на законите за девизна инспекција во второ читање, за данокот на додадена вредност, за финансиските друштва, за регистрирање на готовински плаќања,  сите во прво читање, како и други предлог закони од областа на финансиите, здравството, социјалата, сообраќајот и локална самоуправа.

Треба да бидат разгледани и Предлог одлуката за надоместок на трошоците на учесниците во изборната кампања од чија листа е избран претседател на Република Македонија за 2014 година и на учесниците во изборната кампања од чии листи на кандидати не е избран кандидат за претседател на Република Македонија, како и Предлог одлуката за надоместок на трошоците на учесниците во изборната кампања од чии листи на кандидати се избрани пратеници во Собранието и на учесниците во изборната кампања од чии листи на кандидати не се избрани пратеници во Собранието на Република Македонија, двете поднесени од Крсто Мукоски, Талат Џафери, Чедомир Саздовски и Имер Алиу.

На седницата ќе се расправа и по Предлог одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за основање пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на други држави, Предлог одлуката за избор на претседател, членови и заменици членови на Советот на Собранискиот канал, Предлог одлуката за упатување јавен повик до овластените предлагачи за доставување предлог на кандидати за членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија,... 

14.07.2014 - 09:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега