Започнува примена на 3Д лапароскопска технологија на Гинеколошката клиника

ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство почнува со примена на современата 3Д лапароскопска технологија.

3Д технологијата станува „златен стандард“ во третманот и на најтешките гинеколошки заболувања. Во споредба со 2Д, нуди подобра визуелизација и супериорен квалитет на сликата со перцепција на длабочина на оперативното поле.

Опремата се обезбедува со средства од сопствениот буџет, а со цел промовирање на 3Д технологијата, денеска, во соработка со словенечки лекари, ќе бидат изведени и првите оперативни зафати.

14.07.2014 - 09:03
Фото: 
региони
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега