Во Македонија „вриело" од туристи во мај

Во Македонија во мај годинава се регистрирани 76.419 туристи и 171.097 ноќевања. Во однос на мај лани имало за 13,1 процент повеќе туристи и за 12,5 проценти повеќе ноќевања.

Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, во мај годинава споредено со мај минатата година за 13 проценти е зголемен бројот и на домашните и на странските туристи. Кај ноќевањата на домашните туристи има зголемување за  9,8 проценти, а  кај странските за 14,3 проценти.

Во периодот јануари-мај 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6,7 проценти, кај домашните туристи за 9,9 проценти, а кај странските за 4,8 проценти. Во првите пет месеци од годинава е евидентирано зголемување на ноќевањата за 5,7 проценти, кај домашните туристи за 5,4 проценти, а кај странските за 5,9 проценти, говорат податоците на Статистика.

14.07.2014 - 14:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега