ФОТО: Најсекси судски процес

Адвокатите на завојуваните старлети Сораја Вучелиќ и Станија Доброевиќ се обиделе да се договорат надвор од судот, но сепак тоа било залудно.

Станија ја тужела својата колешка Сораја, поради тоа што таа за неа изјавила дека орално го задоволувала нејзиниот пријател Матија во тоалетот на едно кафуле. Таа барал оштета од 400.000 динари. Адвокатот на Сораја наводно предложил јавно извинување, но правниот застапник на Станија смета дека тоа не е доволно.

-Јавното извинување од страна на Сораја е неизбежно, но не е доволно за ова да се реши надвор од судот. Со оглед на тоа дека адвокатот на тужената понуди само извинување, но не и исплата на нематеријалната штета, повреда на угледот и честа на мојата клиентка, овој судски процес сепак ќе продолжи во судот, изјавил адвокатот на Станија.

 

 

19.07.2014 - 12:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега