Македонските тенисери со скок на АТП листата

Тројца од петмината македонски тенисери кои имаат ранг направија скок на најновата АТП листа објавена денеска.

Димитар Грабул има напредок од 48 места и се наоѓа на 558.место откако му беа запишани 10-те поени од финалето во Кнок. Грабул сега има вкупно 58 поени.

Томислав Јотовски нема промена на рангот и остана на 709 место со 34 поени.

Шендрит Деари со новиот поен има вкупно 6 и се проби на 1.229 место (скок 60 места), додека со плус поен или вкупно 5 Стефан Мицов е на 1.273 место (со напредок од 76 позиции).

Единствен кој има мал пад (3 позиции) е Бесир Дургути на 1.552 место.

Во конкуренција на двојки Јотовски е 699-ти, а Деари е на 1.271-то место.

Од нашите тенисери оваа недела ќе играат Грабул на фјучрс во Белгија и Јотовски на фјучрс во Србија (Ваљево).

На врвот на АТП листата на првите пет места нема промени: Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Рожер Федерер, Стан Вавринка и Томаш Бердих.

21.07.2014 - 11:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега