Ракометарката Радичевиќ ќе стане струмичка снаа

Ракометарката на Вардар, Србинката Јованка Радичевиќ веќе извесен период е во врска со екс-голманот на ФК Вардар Дино Захов. И покрај тоа што релативно кратко време се заедно, тие се неразделни, а она што ги споило е токму спортот, пишува „Вечер“.

-Се запознавме на физикална терапија. И двајцата бевме повредени, јас на рамото, а Јованка имаше ситна повреда на ногата и така почна сe. И двајцата во тоа време ги браневме боите на Вардар, па имавме исти доктори. Се почна со разговор околу спортот и повредите, а понатаму сето тоа се претвори во една убава врска, која еве трае веќе пет месеци, вели голманот.

Дино вели дека отсекогаш бил слаб на спортистки.

-Тоа што го замислував и барав во една девојка можам да кажам дека го најдов. Среќен сум со Јованка и ми одговара што и таа е спортистка, вели тој.

Двојката веќе го искористила летниот одмор. Биле во Грција и во Будва, а за десетина дена повторно стартуваат со спортските обврски во матичните клубови. Дека на Јованка и е пишано да биде македонска снаа потврдува и Дино.

-Нашата врска се уште е свежа и немаме некои големи планови, но јас навивам за тоа да биде македонска снаа. Ќе видиме што ќе се случи, додаде Захов.

21.07.2014 - 18:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега