Со автомобилот прегазил младо момче - 11 сообраќајки на скопските улици

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди од кои три се со последица материјална штета и седум со последица телесна повреда во кои со телесни повреди се здобиле тројца пешаци, тројца возачи на патничко моторно возило и тројца сопатници.

Во 9 часот на булеварот „Македонско-косовска бригада“ се случила сообраќајка во која учествувало патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со непознати регистарски таблички, управувано од непознат граѓанин и 18-годишен пешак. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

22.07.2014 - 09:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега