Чави заминува од Барселона

 

 

Се очекува официјално соопштение од Барселона за заминувањето на Чави Хернандес после 23 години лојалност.

Капитенот на клубот постигна спогодба за преостанатите две години од неговиот договор и може да се приклучи во тимот на Њу Јорк Сити од американската МЛС лига, којшто е франшиза на Манчестер Сити. Чави за екипата од Камп Ноу  одигра 723 натпревари, освојувајќи 22 трофеи.

Потврдата за неговото заминување ќе значи дека Барселона ќе патува за Англија без еден од најважните играчи во нивната историја - играчот кој ги водеше до три од четирите триумфи во Лигата на Шампиони.  

Чави се очекува да учествува во добротворен меч за Деко кој се пензионираше од фудбалот лани. Тој ќе настапи заедно со Роналдињо, Самуел Ето'o и Лео Меси за тимот на Барселона што ја освои Лигата на Шампиони во 2006 против тимот на Порто, шампионот од 2004 под водство на Жозе Мурињо,во Петок во Португалија.

22.07.2014 - 13:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега