Одложена промоцијата на новата зграда на ГП „Богородица“

Царинската управа на Македонија ја одложи за денеска најавената промоција на реконструираната зграда со придружни објекти на граничниот премин Богородица.

Според соопштението од Царинската управа, настанот се одложува од оправдани причини, а за нов термин ќе има дополнително известување.

Реконструкцијата вредна 193.000 евра е реализирана во рамки на Проектот BORDER IN финансиран од ЕУ, како дел од програмата за прекугранична соработка со Грција.

23.07.2014 - 10:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега