Казни за несовесните возачи - што се случувало на скопските улици?

Од страна на сообраќајната полиција во текот на изминатите 24 часа откриени и санкционирани се четворица возачи без возачка дозвола, шест возачи кои не ја почитувале светлосната сигнализација, 11 коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и 10 возачи кои не користеле сигурносен појас или користеле мобилниот телефон за време на возењето.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 36 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

23.07.2014 - 10:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега