Во Велес нема болни од опасната бактерија листерија

Според информацијата од ЈЗУ Центарот за јавно здравје во Велес, засега кај нив не е регистрирано ниту едно лице од поширокиот велешки регион заразено со бактеријата листерија.

- Тоа не значи дека граѓаните не треба да бидат внимателни и затоа апелирам да внимаваат што и каде купуваат храна и како ја обработуваат пред да ја консумираат, предупредува епидемиологот д-р Билјана Трајкова.

Што се однесува на заразната жолтица од сите три вида, од почетокот на годинава во Центарот за јавно здравје во Велес се регистрирани само седум случаи. Со хепатит А вироза, а која најчесто се пренесува преку нечистотија во недостиг на вода, но и нечиста храна, годинава имало само три пациенти, а со хепатит вироза Б и Ц кои се пренесуваат преку сексуално заразни болести имало по двајца болни. Регистрирано е и едно лице носител на ХБ сантиген, информира д-р Трајкова. Според неа, ваквата состоја со заразната жолтица оваа и изминатите неколку години во Велес и Велешко е сведена на минимум.

- Тоа се должи на редовното снабдување со вода на велешани, но и се поголемата совест на граѓаните за заштита од овие заразни болести, рече Трајкова.

23.07.2014 - 14:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега