Споменик во чест на 12 - те киднапирани во 2001 година

 

Роднините на дванаесетте киднапирани во 2001 година денес во тетовското село Непроштено открија споменик во нивно сеќавање.

Пред споменикот се поклонија семејствата на киднапираните, претставници од политички партии и од Министерството за внатрешни работи.

На церемонијата се обрати пратеникот Антонио Милошоски, кој истакна дека желбата за живот, опстанок и достоинство ќе ги победи оние кои што направија злостор.

- Сметам дека правдата еден ден заслужено ќе ги стигне. Дојдовме тука да оддадеме почит на луѓето кои без своја вина беа жртви на 2001 година. Ова спомен обележје е плод на вашата макотрпна работа, изјави Милошоски.

Спомен паркот е во чест на четворицата киднапирани од село Непроштено. Сеуште не е најдена соодветна локација во Тетово за подигање на споменик.

Случајот се истражува од 2006 година но до сега нема никави резултати.

- Немаме гроб за нашите 12 киднапирани, затоа ќе можеме да дојдеме овде, ако ништо друго да запалиме свеќа, иако сметам дека свеќата треба да ја запалиме на нивните гробови, а не овде. Сепак ќе се потсетуваме на нашите најмили секој пат кога ќе дојдеме овде, затоа што никогаш не ги најдовме нивните тела, вели Бранислав Јакимовски од здружението на киднапирани „Надеж“.

 

23.07.2014 - 15:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега