Попоски ќе се обрати на конференцијата на иселенички организации

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска ќе се обрати на Петтата годишна конференција на иселеничките организации, што од вчера се одржува во Скопје.

Ќе се дискутира на тема државјанство и избирачко право, организираност и поврзаност на иселениците од Македонија и нивните организации во светот и нивна соработка со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија и организирање на форуми на иселеници според одделни професии, како и остварување на пензиско право на иселениците.

На свеченото затворање на конференцијата на иселенички организации, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе им доделени одликувања и признанија „Македонија памти" на физички и правни лица од иселеништво за особени заслуги и достигнувања за афирмација на Република Македонија во светот, во сите области на општествено делување. 

Конференцијата се одржува во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија.

24.07.2014 - 09:04
Фото: 
либертас
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега