Седници на пет собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за здравство, за труд и социјална политика, за култура и Законодавно-правната комисија.

Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување по скратена постапка, во второ читање, е единствената точка на дневниот ред на седницата на Комисијата за финансирање и буџет

Членовите на Комисијата за здравство ќе расправаат по Предлог-законот за дополнување на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка, во второ читање. 

На седницата на Комисија за труд и социјална политика ќе се дискутира по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за работните односи, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, сите по скратена постапка, во второ читање.

За активности за подготовка на Предлог-програмата за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2015 година ќе расправа Комисијата за култура на денешната седница. 

На дневниот ред на седницата на Законодавно-правната комисија се предлог-законите за дополнување на Законот за здравственото осигурување, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, на Законот за работните односи и на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, сите по скратена постапка, во второ читање. 

24.07.2014 - 09:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега