Јашари се сретна со хрватскиот амбасадор Крамарич

Министерот за правда Аднан Јашари на денешната средба со амбасадорот на Хрватска, Златко Крамарич разговарал за досегашната успешна соработка меѓу двете земји, со посебен акцент врз судството.

Министерот Јашари, како што соопшти неговиот кабинет, го информирал амбасадорот Крамарич за постапките кои се во тек, како и за реформските активности кои се превземаат во однос на обезбедувањето на ефикасноста и независноста на судскиот систем.

Честитајќи му ја новата функција на министерот за правда, амбасадорот Крамарич изјавил дека е подготвен за продлабочување на досегашната соработка. Тој истакнал дека измените и реформите кои се прават во областа на правосудството, се суштински и многу битни за процесот на евроинтеграцијата.

Министерот Јашари изразувајќи благодарност за соработката и пријателските односи меѓу двете земји, истакнал дека како член на Владата на Република Македонија, подготвен е да продолжи и понатаму со меѓусебната соработка меѓу Република Македонија и Република Хрватска. 

24.07.2014 - 16:26
Фото: 
либертас
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега