Груевски по повод Рамазан ќе организира Ифтар вечера

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, по повод муслиманскиот верски празник Рамазан, денеска ќе приреди Ифтар вечера.

На Ифтар вечерата се поканети пратеници и владини функционери.

Ифтар вечерата ќе биде приредена во Владата на Република Македонија, со почеток во 20 часот.

24.07.2014 - 18:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега