Морињо потврди: Го сакам Дрогба во Челзи

Жозе Мурињо потврди дека Челзи има желба во своите редови да го донесе нивниот поранешен напаѓач Дидие Дрогба.

Напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска е херој на лондонските „сини“, а покрај тоа што замина од клубот симпатиите на фановите кон него не се намалија.

Сега, Челзи има желба да го врати во своите редови фудбалерот кој во 2012-та година им го донесе пехарот во Лигата на шампионите.

Во финалето против Баерн Минхен Дрогба во 88-та минута постигна гол за 1:1, а потоа во пенал рулетот го постигна решавачкиот погодок за триумф на Челзи.

-Секако дека размислуваме за тоа. Ние сакаме да победуваме, сакаме да освојуваме титули, а Дрогба е фудбалерот кој може да ни помогне во тоа, вели Мурињо кој притоа додаде:

-Оваа наша одлука не е емоционална. Доколку тој дојде во Челзи тоа нема да биде поради тоа што постигна важен гол во финалето против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, тоа ќе биде поради тоа што Дрогба има квалитет за Премиер лигата, вели Португалецот.

25.07.2014 - 12:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега