Еве колкава била просечната нето-плата во мај

Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-платата по вработен, во мај 2014 година изнесува 21.483 денари и е за 0,9 отсто повисока во однос на истиот месец од претходната година, додека износот на бруто-платата е 31.429 денари и е повисок за 0,6 отсто од лани.

Зголемувањето се должи на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (10,9%), Градежништво (8,2%) и Административни и помошни услужни дејности (6,4%), како и на повисоката бруто-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (9,1%), Градежништво (7,6%) и Административни и помошни услужни дејности (4,9%). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (25,3%), Информации и комуникации (5,1%) и Стручни, научни и технички дејности (4,5%). Кај бруто-платата зголемување има во секторите: Рударство и вадење на камен (26,2%), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4,2%) и Информации и комуникации (3,5%).

Во мај годинава, 1,6 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата, говорат податоците на Статистика.

29.07.2014 - 12:54
Фото: 
новамекдонија
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега