Зоните се градат забрзано - инвестициите растат

Како расте интересот на странските инвеститори така забрзано се градат и технолошко – индустриските развојни зони. Нивата изградба е во полн ек, во насока на обезбедување оперативни услови за влез на нови инвеститори и зголемување на вработеноста, пишува Лидер.

Според информациите од Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони во Македонија предвидени се 15 ТИРЗ. За сите има усвоено планска документација. Сите се основани ( СК1, СК 2, Тетово, Штип, Прилеп, Кичево, Струга, Струмица, Ранковце, Гевгелија , Радовипш, Верово, Виница) освен ТИРЗ Скопје 3 и ТИРЗ Делчево.

Целосно функционални зони се:

ТИРЗ Скопје 1, ТИРЗ Скопје 2, Штип

Колку се градат во моментов?

Во моментов се градат ТИРЗ Кичево и ТИРЗ Тетово. Во текот на оваа недела ќе почне со градба ТИРЗ Радовиш. Во втората половина од идниот месец се планира со градба да започне ТИРЗ Струга, а во месец септември ТИРЗ Берово и ТИРЗ Виница, велат за Лидер од Дирекцијата.

За другата година функционални ќе бидат:

ТИРЗ Кичево, ТИРЗ Струга, ТИРЗ Тетово и ТИРЗ Ранковце и плус дополнително други во зависност од интерес на инвеститори.

“За зоната во Кичево, инфраструктурата треба да биде завршена паралелно со потребата на инвеститорот КСС некаде кон средината на идната година. Оваа компанија најави инвестиција од 20 милиони долари и нови 1000 вработувања. За зоната во Струга која ќе започне со изградба во август, динамината на градба ќе соодветствува со потребите на Германски „ODW Elektrik“ кои новиот објект во зоната ќе почнат да го градат напролет. Германската компанија ќе вложи 15 милиони евра и отвара исто така 1000 работни места.

Во двата случаја ние ќе сме неколку месеци со започната градба на инфраструктура пред инвеститорот, за да може да градиме паралелно ои да сме спремни кога тој ќе биде функционален. Слично како што беше случајот со Џонсон Контролс во Штип. Во Радовиш градбата ќе почне во месец август , ќе се започне со градба на основната инфраструктура, а остатокот од градбата ќе зависи од конкретните потреби на инвеститорот, слично како градбата на Струмиц, Прилеп, Гевгелија и како што направивме во Кичево и како што правиме со Ранковце“ вели за Лидер Виктор Мизо, директор на ТИРЗ.

Каде има најмногу фабрики?

ТИРЗ Скопје 1 – Џонсон Мети, Вистеон, Кемет, Текнохозе, Продис

ТИРЗ Скопје 2- Ван Хоол

Штип: Џонсон Контролс

Во првите шест месеци од годината од ТИРЗ остварен е извоз од над 550 милиони евра. Според податоците, извозот двојно е пораснат во споредба со истиот период лани. До крајот на годината според прогнозите, извозот ќе достигне вредност од над 1 милијарда евра.

2013 – 760 милиони евра извоз од ТИРЗ

2014 – 1,2 милијарди евра извоз од ТИРЗ

2014 – година на странски инвестиции

ЛИДЕР

30.07.2014 - 09:32
Фото: 
скопјеинфо
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега