Кои населби денеска ќе бидат без вода?

Ченто, Стајковци и Економија денеска ќе останат без вода, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Поради дефект на шибер затварач профил ф-700 милиметри на булевар Александар Македонски бб, без водоснабдување ќе останат корисниците од истоимениот булевар, од населените места Ченто, село Стајковци и Економија од 10 часот до 14 часот.

31.07.2014 - 10:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега