Одбележување на Денот на згрижувачките семејства

Денеска министерството за труд и социјална политика, Црвениот крст на Град Скопје и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Град Скопје  ќе го одбележат 1 јуни - Денот на згрижувачките семејства.

По тој повод денеска ќе се одржи настан пред Спомен-куќата на Мајка Тереза. Ќе бидат организирани креативни работилници, а ќе настапат и децата од „Супер ѕвезда“ и пејачи од македонската естрада.

Заменик-министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими исто така ќе присуствува на настанот.

ФОТО: Канал 5

најчитано сега