Се скарал со вработениот па почнал да пука со пушка - млад охриѓанец направи хаос во Охрид

Вчера околу 23 часот и 55 минути во Охрид на улицата Туристична без број, во угостителскиот објект Беко, Благоја П. од Охрид по претходна вербална расправија со вработен од објектот, земал автоматска пушка и пукал со неа, а потоа пукал и пред објектот.

За среќа во инцидентот нема повредени иако во моментот имало гости во објектот.

Охриѓанецот е приведен и одземени му се една пушка и пиштол кои ги поседувал без одобрение.

Приведен е и Томче Н. кој бил заедно со насилникот во моментот на настанот.

Полицијата изврши увид на местото на настанот.

најчитано сега