Брзо возење најголема причина за сообраќајки во Македонија - загинале 71 лица

Зголемената фрекфенција и густината на сообраќајот на патиштата во Република Македонија во текот на првото полугодие од 2014 година, а особено непочитувањето на сообраќајните правила од страна на учесниците во сообраќајот, пред се на возачите, имаше за последица случување на 1.716 сообраќајни незгоди со потешки последици.

Максималната ангажираност на службите за безбедност на патниот сообраќај на Министерството за внатрешни работи   резултираше со поповолна безбедносна состојба во сообраќајот за што сведочат намалениот број сообраќајните незгоди со потешки последици, како и намалување на бројот на жртвите-учесници во патниот сообраќај.

 

Од извршената анализа, соопшти денеска МВР, може да се заклучи дека во првите шест месеци од годинава најголем број на сообраќајни незгоди со потешки последици се случиле на подрачје на СВР Скопје. Најчеста причина поради кои се случиле сообраќајните незгоди е  прекршокот „управување со возилото со брзина поголема од дозволената“, а најзагрозена категорија на учесници во сообраќајот се возачите и сопатници во моторни возила. 

 

Во текот на првото полугодие од 2014 година, на патиштата во Република Македонија се случиле вкупно 1.716 сообраќајни незгоди со потешки последици (незгоди со загинати лица, со повредени лица и незгоди со поголема материјална штета), од кои 60 се незгоди со загинати лица, додека 1.655 се незгоди со повредени лица, а само една незгода е со поголема материјална штета. Во незгодите настрадале вкупно 2.758 лица, од кои  2.687 лица се повредени, додека 71 лице загинале.

 

- Од извршените согледувања, евидентно е намалување на сообраќајните незгоди со потешки последици, како и намалување на бројот на загинати и повредени лица, кое пред се се должи на зачестени акциски контроли на возилата и возачите, како и зајакнатите мерки кои согласно плановите, континуирано се превземаа оваа полугодие, се подвлекува во денешното соопштение од МВР по извршената анализа.

 

Според местото на случување на сообраќајните незгоди со потешки последици, 1.319 незгоди се случиле во населените места, а на патиштата надвор од населени места во Републиката, се случиле 397 незгоди. Гледано по подрачја, 44 проценти од сообраќајните незгоди се случиле на подрачјето на СВР Скопје-758 незгоди, потоа следи СВР Битола со 184, СВР Тетово-158 незгоди, на подрачјата на СВР Штип и СВР Куманово по 134 незгода, СВР Велес-128, на подрачјата на СВР Струмица-112, а најмалку на подрачје на СВР Охрид-108 незгоди.

 

Најмногу незгоди се случиле во мај -314, потоа во април -299, а најмал број на сообраќајни незгоди се случиле во февруари -251, а според деновите, случените соообраќајните незгоди се приближно на исто рамниште.Инаку, по часови, најмногу незгоди се случиле во времето од 14,00 до 16,00 часот-245 незгоди, а најмал број незгоди се случиле во времето од 02,00 до 04,00 часот- 47 незгоди.

 

Според видот на настанување, најбројни се меѓусебните судари на возила во движење-857 незгоди, потоа удар со возило во пешаци-442 незгоди, излетување на возила од пат-199 и др. Поради грешки на возачите се случиле 1.622 незгоди со настрадани лица, што претставува 94 проценти од вкупниот број на незгоди, во кои загинале 68 лица, а 2.578 се повредени, најчесто поради управување со возилото со брзина поголема од дозволената-689, потоа поради недржење страна и правец на движење-522 поради непочитување на правилата за првенство на минување-495 и во помал број поради други причини.

 

Понатаму, пешаците предизвикале 71 незгода, во кои две лица загинале, додека 72 лица се повредени, додека патниците предизвикале една незгода, во кои едно лице загинало. Поради останати причини се случиле 17 незгоди, во кои 28 лица се повредени, а поради неисправна состојба на патната мрежа се случиле пет незгоди во кои девет лица се повредени

 

Во сообраќајните незгоди настрадале вкупно 2.758 лица, од кои 2.687 биле повредени (423 се здобиле со тешки телесни повреди, а 2.264 лица биле телесно повредени), додека  животот го загубиле 71 учесник во сообраќајот. 
    
Од извршените согледувања евидентно е дека 55 проценти од вкупно загинатите лица, настрадале во случени сообраќајни незгоди на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Скопје и Битола. Најмал број на лица загинаа на подрачје на СВР Тетово,-еден, каде минатата година загинаа дури седум лица.

 

Од загинатите лица најголем број се возачи и сопатници во моторни возила-по 21, потоа следат-17 пешаци, 10 мотоциклисти и двајца велосипедисти.  Според возрасна структура, најголем број на лица-20 загинале на возраст од 18-30 години, потоа 19 се над 60 годишна возраст, 16 на возарст од 40-60, 11 се на возраст од 30-40, а пет се малолетници.
 
Од извршените согледувања евидентно е дека најмногу лица се повреди се здобиле во сообраќајни незгоди случени на подрачје на СВР Скопје, каде во овој период бележиме и благо зголемување, а во останатите Сектори повредените лица се приближно на исто рамниште.

 

На планот на сузбивање на сообраќајната деликвенција, од страна на Министерството за внатрешни работи, против прекршителите на сообраќајните правила и прописи превземени се вкупно 136.725 (124.690) превентивно-репресивни мерки, што во споредба со истиот период од минатата година бележат зголемување за околу 10 проценти. 

 

Барањата за поведување на прекршочна постапка, зедоа учество со 37 проценти во вкупно преземените мерки, а компаративно со прво полугодие од 2013 година, истите се приближно на исто рамниште.

 

Инаку, најголем број од барањата 45 проценти се поднесени за сторени прекршоци „непрописно запирање и паркирање„ управување без возачка дозвола„ и „управување со  нерегистрирани возила„ кои во овој период не беа директна закана за безбедноста на сообраќајот. Најдоминатни во поднесување на барања за поведување на прекршочна постапка се: Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата со 11.902, по што следи СВР Скопје со поднесени 11.878 барања и СВР Тетово-7076. Останатите Сектори за внатрешни работи во овој период поднесоа по околу 3.000 барања.

 

- Вреди да се споменеме дека во овој период бележиме зголемување на наплатените парични глоби за 43 проценти, се вели во соопштението.

Во анализираниот период, се посочува, полициските службеници, покрај репресивните мерки, активностите ги насочиле и во полето на превенцијта кои резултираа со зголемување на превентивните мерки.

03.08.2014 - 13:40
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега