Груевски: Излеговме во пресрет на граѓаните со поевтинување на огревното дрво

Претседателот на Владата, Никола Груевски, денеска истакна дека им излегле во пресрет на граѓаните со поевтинувањето на огревното дрво.

- Владата одлучи повторно да им излезе во пресрет на посиромашните граѓани и на социјално ранливите групи и ја намали цената на буковото огревно дрво. За луѓето кои живеат во градови можеби тоа не значи ништо и е  безначајна мерка за нив, но за оние што се греат на дрво и живеат во порурални места, а некои од нив и во градови, знам дека ќе им значи многу, рече премиерот Никола Груевски, одговарајќи на прашање по доделувањето решенија за легализација на бесправно изградени објекти во општина Кисела Вода.  

Инаку, новата цена на буковото огревно дрво со попуст од 10 проценти е 2.133 денари за метар кубен, а цената за лица корисници на социјална помош со 15 проценти попуст е 2.015 денари. Овие цени важат за купување во складовите на ЈП „Македонски шуми“. 

03.08.2014 - 15:29
Фото: 
лидер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега