350.000 семејства ја искористија можноста да поднесат барање за легализација

Педесет граѓани на општина Кисела денеска добија решенија за легализација на бесправно изградени објекти. Новите решенија ги врачија премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.

- Конечно падна големиот товар кој луѓето го носеа по 10, 15 или 30 години. Можноста за поднесување барања за легализација ја искористија околу 350.000 граѓани низ земјата, тоа се околу 350.000 семејства. Тоа е уште една потврда за масовноста на оваа појава и за големината на проблемот со кој се соочуваме како држава. Кисела Вода е една од општините во кои овој проблем е најприсутен... Таа е и една од најуспешните општини во овој дел и заслужува честитки. Ги повикувам и другите општини да го следат примерот, рече Груевски. 

радоначалничката Беличанец-Алексиќ истакна дека денешниот настан е уште еден чекор во решавањето на децениските проблеми на граѓаните за впишување на правото на сопственост на нивните објекти.

- Владата на РМ со носењето на Законот за легализација на дивоградбите им овозможи историска шанса на сите граѓани за стекнување правна и легална сопственост на нивните домови. Денес секој има можност да стане реален сопственик на својот имот - свој на своето, рече Беличанец-Алексиќ.

Досега во општината позитивно се решени 2.967 од вкупно поднесените 11.874 барања за легализација. 

 

03.08.2014 - 15:32
Фото: 
MIA
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега