Груевски оствари средба со Реј Мабус

Премиерот Никола Груевски денеска имаше средба со секретарот на Морнарицата на Соединетите Американски Држави Реј Мабус.

- Премиерот Груевски ги истакна реформите кои ги презема Владата на Република Македонија за унапредување на стандардите за реализација на европските интеграции и членството во НАТО, кои претставуваат стратешка определба на нашата земја. Тој ги посочи и мерките и вложувањата кои се реализираат во сферата на Министерството за одбрана со цел да се одржи високото ниво и квалитетот на македонските мировници кои во континуитет учествуваат во мисиите на НАТО, соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста.

 

Груевски истакнал дека Република Македонија е кредибилен партнер во исполнувањето на мировните мисии и особено придонесува во споделувањето на заедничките одговорности со земјите-членки на НАТО и дека на тој план Македонија ја цени поддршката со која Соединетите Американски Држави придонесуваат во процесот на реформите и поддршката која ја добиваме во исполнување на НАТО стандардите.

- Секретарот на Морнарицата на САД, Реј Мабус позитивно ја оцени соработката на двете земји во рамките на НАТО, и особениот придонес кој Република Македонија го дава во рамките на меѓународните мировни мисии, и кој нашите мировници го имаат во активностите на НАТО Алијансата, соопшти  Секторот за односи со јавноста на Владата на РМ.

03.08.2014 - 15:42
Фото: 
kanal5
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега