Затвореник избодел двајца во затворот Идризово - еве ги деталите

Вчера во 16  часот, 32-годишниот Ф.А. од Сарај пријавил дека истиот ден околу 9 часот и 30 минути во затворот Идризво додека бил во својата ќелија во полуотвореното одделение ги забележал неговите цимери, 31-годишниот  М.Д. од Куманово и 24-годишниот З.Р. од Скопје како се расправаат и тепаат по што се упатил да го извести чуварот и заедно со него се упатиле кон ќелијата, но биле пресретнати од З.Р., кој држел нож во раката и во еден момент се доближил до Ф.А. и му нанел две убодни рани, од кои една во пределот на десното рамо, а другата во пределот на стомакот. 

најчитано сега