Груевски разговараше со голем број државници во Лиеж
Премеирот Никола Груевски вчера присуствуваше на церемонијата за одбележување на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна, што се одржа на Меморијалниот споменик во Лиеж, Кралството Белгија. На маргините на церемонијата, Груевски се сретна и разговараше со голем број државници.
Груевски неформално разговарал со претседателот на Европската Комисија во заминување Жозе Мануел Баросо, со бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, претседателот на Србија Томислав Николиќ, албанскиот претседател Бујар Нишани, како и црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, како и со германскиот претседател Јоаким Гаук, белгискиот министер за одбрана Питер де Крем, министерот за здравство на Нов Зеланд, Тони Рајал и други.
Во Лиеж се собраа над 50 шефови на држави и влади, а присуствуваа и принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа