Се гради спортско рекреативен центар во Штип

Сосема нов спортско-парков дел никнува во населбата Дузлак во Штип.

 

- Оваа локација е многу важна, бидејќи станува збор за населба во развој. Од друга страна, учебната година е на самиот крај, со што учениците, децата имаат потреба од спортски игралишта и терени заради што општината и градоначалникот брзаат истите да бидат готови што побргу , изјави Драган Ристов, советник за односи со јавност, пренесе Курир.

 

 

Како што изјави градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, се напушта праксата според која, готови се спортските терени а околината останува неуредена и грда. 

 

- Се додека не биде се како што треба, се додека секоја плочка, цвеќе или клупа не биде поставена а самата локација исчистена и своевидна убавина за сиот комплекс, ние нема да ги пуштиме игралиштата. Треба да се напуштат обичаите кога ќе направиме нешто но зад нас оставаме последици околу одредени зони. Или се ќе направиме како што треба или воопшто не треба да започнуваме нешто. Се мора да биде беспрекорно уредено за сите да уживаме во спортско-рекреативните комплекси. И спортистите и рекреативците но и обичните граѓани кои сакаат клупи, летниковци и друго, вели Захариев, пренесе Курир.

 

ФОТ: Канал 77

најчитано сега