Стружанец ја фати девојката на Леонардо Ди Каприо

 Дваесет и две годишниот швајцарски фудбалер Пајтим Касами, кој по потекло е од Струга, е во врска со познатата британска манекенка Ема Милер, која е позната како поранешна девојка на Леонардо Ди Каприо.

Касами кој пред да направи транфер во грчкиот фудбалски клуб „Олимпијакос“ играше за екипата на „Фулам“, повеќе пати е виден во друштво со фото-моделот Милер. И двајцата поставуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи. Иако тој веќе е во Грција, тие сепак продолжуваат да се појавуваат заедно на разни места, пренесуваат албанските медиуми.

Пајтим Касами претходно беше во врска со фото-моделот Ангела Мартини (28), по потекло од северниот албански град Скадар, која со семејството живее во Швајцарија. Во 2010 година Ангела ја претставуваше Албанија на натпреварот Мис Унивезум во Лас Вегас, каде беше шеста. 

06.08.2014 - 13:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега