Ја победивме Данска но мора да признаеме - изигравме под можностите

Македонската кошаркарска репрезентација во натпреварот од 2.коло од групата Д од квалификациите за Европското првенство ја постигна и втората победа. Совладана беше Данска на нејзин терен со 81:75. Резултатот по четвртини беше: 18:24; 18:20; 18:11 и 21:26.

По почетните 2:2 македонските кошаркари го презедоа водството и постепено го зголемуваа и во 8.минута беше 19:10. Сепак и покрај ова водство упорните домаќини на почетокот на вториот период (12.минута) изедначија на 26:26, а во 15.минута имаа водство 32:31. Но, во финишот на првиот дел Македонија направи серија од 13:2 за највисокото водство од 44:34.

На стартот од третиот период Македонија ја одржуваше предноста, но потоа нашите кошаркари имаа период од 5 минути без кош и Данска го искористи тоа со серија од 8:0 и во 27.минута изедначи на 51:51.

На почетокот на последниот период Македонија ја зголемуваше предноста, а Бојан Трајковски имаше серија од 7 поени. До крајот на дуелот домаќинот не успеваше да се доближи резултатски и предноста на нашите кошаркари беше постојано меѓу 3 – 6 поени. На крајот Соколов по грешката на противникот поентираше за конечни 81:75.

Поените за нашата репрезентација ги постигнаа: Дарко Соколов, Војдан Стојановски и Марко Симоновски по 12, Александар Костоски, Бојан Трајковски и Дамјан Стојановски постигнаа по 9, Ричард Хендрикс 8, Андреј Магдевски и Стојан Ѓуровски по 4 и Марјан Јанески 2.

Следниот натпревар Македонија го игра на 17.август во недела во Минск против Белорусија. Вториот натпревар од Д групата меѓу Белгија и Белорусија е во тек

13.08.2014 - 22:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега