Кои скопски населби утре ќе бидат без струја?

Без струја утре од 8 до 14 часот и од 8 и 30 до 11 часот и 30 минути ќе останат корисниците од улиците „Мите Богоевски“ и „Блажо Орландиќ„ од општина Аеродром односно улиците „Теодосиј Гологанов“ и „Максим Горки“ во Центар.

Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД,  без електрична енергија во периодот од 8 и 30 до 15 часот ќе останат и корисниците од улиците „Мара Мажуречка“, „Алпи“, „Ферид Бајрам“ и „Христијан Тодоровски Карпош“ од општина Бутел, од 9 до 13 часот корисниците од село Љубош, во периодот од 9 до 14 часот, корисниците од улицата „14“ и дел од корисниците од улицата „20“ во село Сарај, од 9 до 15 часот корисниците од улица „Диме Мечето“, како и дел од корисниците од улицата „Волт Дизни“ од општина Шуто Оризари, корисниците од улица „Призренска“,  улица „2“ во општина Бутел, дел од корисниците од село Грчец и дел од корисниците од улиците:„Македонска Преродба“, „Мајски Манифест“ и „Социјалистичка Зора“ во општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 10 до 12 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Алжирска“ број 18. во општина Карпош.

21.08.2014 - 16:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега