10 работи за човечкото тело за кои никогаш не се чуле

Човечкото тело сеуште е голема мистерија која научниците постојано ја истражуваат за да ги разберат нејзините тајни. Меѓу сите тие необични факти електронските медиуми издвоија 10 најинтерсни, за кои многумина никогаш не ни чуле.

1. Нашиот нос има неверојатна меморија, бидејќи е во состојба да запамти до 50.000 различни мириси.

2. Со околу 500.000 потни жлезди, нашите стапала можат да произведат до еден литар пот дневно.

3. Со количината на плунка што еден човек ја произведува во текот на својот живот, може да наполни два базена. 

4. Невозможно е да се скокоткате самите себе.

5. Луѓето се единствените цицачи кои неможат истовремено да дишат и да голтаат.

6. 40.000 километри е должината на нашите крвни садови, колку што изнесува и должината на екваторот.

7. За 30 минути човечкото тело произведува доволно топлина да се загреат 2 литри вода.

8. Во текот на животот човекот во просек губи 18 килограми кожа.

9. Возрасен маж произведува околу 10 милиони сперматозоиди дневно, што е доволно да се обнови човештвото за шест месеци.

10. Женските јајници произведуваат 500.000 јајцеклетки од кои само 400 можат да бидат оплодени.

 

21.08.2014 - 16:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега