Иванов ќе присуствува на Охридскиот маратон

Претседателот на Република Македонија,  Ѓорге Иванов, овој викенд ќе присуствува на меѓународната манифестација „Охридски пливачки маратон“, која годинава се одржува по 28-ми пат.

 Маратонската трка ќе стартува од комплексот „Св. Наум“ во 12:00 часот, а се очекува првите маратонци да пристигнат на целта кај градското пристаниште после 17:00 часот. На 30 километри долгата патека „Климе Савин“ ќе се натпреваруваат вкупно 22 пливачи од целиот свет, 16 во машка и 6 во женска конкуренција. Република Македонија ќе биде претставена од четворица пливачи.

 

 Манифестацијата „Охридски пливачки маратон“ е дел од 8-те трки во Гран При серијата на Меѓународната пливачка федерација и се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.

 

22.08.2014 - 16:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега