На Табановце се чека по половина час за излез од Македонија

Околу половина час се чека за излез од Македонија на граничниот премин Табановце, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

23.08.2014 - 10:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега