Министерот за одбрана во работна посета на Полска

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, заедно со делегација од Министерството и од Армијата на Република Македонија, од денеска ќе престојува во неколкудневна работна посета на Република Полска.

Во рамки на посетата, министерот Јолевски ќе оствари средба со неговиот колега, министерот за одбрана на Полска Томас Сиемонијак, како и со претседателот на Комисијата за национална одбрана во Парламентот на Полска Стефан Ниесиоловски, челниците на Националното биро за безбедност, ректорот на Националниот одбранбен универзитет полковникот Дариус Козеравски, а ќе ги посети и Оперативната команда, Полскиот одбранбен холдинг и воените производствени капацитети.

25.08.2014 - 10:00
Фото: 
идивиди
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега