Македонска Каменица ќе урива рекорди - Жељко Јоксимовиќ ќе приреди спектакл

Општина Македонска Каменица е подготвена за најголемата културна манифестација во Источна Македонија- Каменичко Културно Лето.

Низа културни настани се дел од програмата која е во финална фаза на подготовка. Покрај концерт на класична музика, настапи на познати фолклорни ансамбли од Македонија, Бугарија и Србија, потврдени се и настапите на неколку популарни македонски и балкански изведувачи и бендови. Концерт во Македонска Каменица ќе има деветчлениот српски состав МВП, кои со нивните мегапопуларни хитови „Целу ноч и цели дан“ „Идемо горе“, „Волим кад те волим“, ветуваат добра забава и вистинско доживување за публиката.

На централната вечер, на 28-ми Август - Денот на општината и Денот на рударите, ќе настапи феноменалниот Жељко Јоксимовиќ и повеќе од сигурно е дека неговите хитови ќе придонесат за едно незаборавно искуство, позитивна и разиграна енергија и исклучителна забава.

Манифестацијата е во организација на општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса“, а генерален покровител е Рудникот „Саса“. Манифестацијата ќе трае до 29 август.

 

25.08.2014 - 10:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега