Се преврте автомобил на патот Кавадарци-Росоман - возачот во кома префрлен на скопските клиники

Тешка сообраќајна несреќа  утрово се случила во 4 часот и 30 минути на регионалниот пат Кавадарци-Росоман, кај селото Рибарци.

До несреќата дошло при превртување на возило марка „алфа ромео“, управувано од страна на 32-годишниот  Ј.К. кој се здобил со повреда на главата и е во кома. Возачот е пратен на лекување во скопските клиники.

На скопските клиники е препратен и  31-годишниот сопатник М.О. кој се здобил со политраума, скршеница на лева потколеница, комплетно изместен десен колк и сомнителни скршеници на граден кош.