Слаткар и Сања утре прават свадба

Сања Николиќ, поранешна манекенка и популарниот рапер, Марко Маринковиќ Слаткар, од утре и официјално ќе бидат во брак. На свадбата на која се поканети околу 250 најблиски пријатели и роднини Слаткар и Сања ќе го кажат судбоносното „Да“.
Како што најавија, тие се откажале од свечени тоалети и одела и овие средства ќе ги донираат. На гостите кои ќе дојдат на свадбата, уште во свадбените покани им порачаа да не купуваат цвеќе и парите кои ги планирале за оваа намена да ги стават во посебна кутија која ќе биде на влезот на салата, за потоа, тие да бидат донирани.

 

Марко и Сања се во врска неколку годин. Тој ја побара за жена на крајот на минатата година. Кум на свадбата ќе биде еден од најблиските другари на Марко од „маало“.

Свадбата ќе се одржи во еден скопски ресторан.

26.08.2014 - 18:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега