Средба Попоски - Милер во Берлин

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска во Берлин, во рамки на Конференцијата на високо ниво за Западен Балкан, се сретна со германскиот сојузен министер за економска соработка и развој, Герд Милер.

Попоски, како што е наведено во соопштението од МНР, изрази благодарност за поддршката и интензивната економска соработка помеѓу двете земји.

Германија е првиот трговски партнер на Македонија со која се опфаќаат 20 отсто од севкупната македонска трговија, еден од водечки развојни партнери и трет инвеститор во РМ.

Министерот Попоски изрази интерес на понатамошно интензивирање на билатерална соработка и зголемување на бројот на развојни проекти планирани во иднина, особено на поле на економски развој, вклучително и трансферот на технологии, животната средина, локален и регионален развој, туризам и модернизација на образованието, истражувањето и иновациите.

Министерот Милер ја потврди повторно германската поддршка и најави можност за нов циклус за проектна соработка со Република Македонија

28.08.2014 - 15:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега