Започна заедничката седница на македонската и српската Влада

Во Белград во тек е заедничката седница на владите на Република Македонија и Република Србија.

Пред седницата, премиерите на двете земји, Никола Груевски и Ивица Дачиќ, јави известувачот на МИА, имаа тет-а-тет средба, а за попладнево е закажана и заедничка прес-конференција.

 

 

Според агендата, претседателот на македонската Влада попладнево ќе се сретне и со српскиот претседател Томислав Николиќ, како и со претставници на Македонското национално малцинство во Србија.

 

На пленарната седница, главни теми ќе бидат европските интеграции на двете земји, регионалната соработка, како и унапредување на економската соработка, пред се зголемување на трговската размена, соработка на полето на инвестициите, можност за заеднички настапи на трети пазари, особено во делот на градежништвото, како и во делот на фармацијата, туристичка презентација на можностите на двете земји.

 

Ќе стане збор и за инфраструктурни проекти, главно за завршување на делниците од автопатот К-10 најдоцна до 2016 година, но и за соработка во борбата против трговија со дрога, гранична соработка,  соработка во областа на здравството, социјалата, земјоделството...

 

 

Покрај седницата, предвидени се и повеќе билатерални средби на министрите. Премиерот и министер за внатрешни работи на Србија Дачиќ и министерката Јанкулоска ќе потпишат протокол помеѓу двете министерства за соработка во текот на претстојната туристичка сезона, а министерот Тодоров со својот колега Славица Џукиќ Дејановиќ ќе потпише меморандум за соработка во областа на здравството и медицинските науки.

 

 

Српската Влада најекспедитивно одговорила бидејќи има големо искуство во држење седници со други влади.

најчитано сега