Подгответе ги чадорите - попладне не очекуваат поројни дождови

Времето претпладне во Македонија ќе биде умерено облачно и потопло со подолги сончеви периоди, а во попладневните часови со локален пороен дожд и појава на грмежи повеќе во западните делови од земјава. Утринската температура се движи од 12 до 20, а дневната од 27 до 33 степени.

Во Скопје слично време, претпладне умерено облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локален слаб дожд. Утринската температура се спушти до 26, а дневната ќе се искачи до 29 степени, а УВ-индексот ќе изнесува 6.

Од понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и поројни. Се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен проследени со појава на грмежи. Од вторник следува пад на дневната температура за околу пет степени и истата ќе се движи од 23 до 29 степени. УВ-индексот ќе изнесува 4. 

30.08.2014 - 09:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега