Почнува Светското кошаркарско првенство во Шпанија

Светското првенство во кошарка од денес до 14 септември ќе се одржува во Шпанија.

Натпреварите од првата фаза ќе се играат во четири градови (Гранада, Севиља, Билбао и Гран Канарија), додека елиминациските натпревари ќе се играат во Барселона и во Мадрид. Финалето е закажано за 14 септември во Мадрид.

Во првата фаза од натпреварите 24-те репрезентации се поделени во четири групи по шест селекции. Четирите првопласирани од секоја група ќе продолжат во нок – аут фазата (осминафинале).

На денешниов прв ден на шампионатот се играат натпревари во сите групи, а двојките се: Египет – Србија, Франција – Бразил, Иран – Шпанија (А група); Хрватска – Филипини, Порторико – Аргентина, Грција – Сенегал (Б група), Украина – Доминиканска република, Нов Зеланд – Турција, САД – Финска (Ц група), Ангола – Јужна Кореа, Австралија – Словенија и Мексико – Литванија (Д група).

Титулата светски шампион ја брани селекцијата на САД.

30.08.2014 - 10:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа