Илиевски пред портите на Работнички

Спортскиот портал „Екипа“ објави дека тимот од „Градски Парк“ е во преговори со македонскиот плејмејкер Владо Илиевски.

Тренерот на Работнички, инаку поранешен селектор на Македонија, Марин Докузовски планира да направи силен состав. Ѓорѓи Чековски и Тодор Гечевски се спомнуваат како потенцијални засилувања, но Работнички не застанува тука.

Според она што го објави спортскиот портал „Екипа“, наскоро нов член на тимот од „Градски Парк“ може да стане и македонскиот плејмејкер Владо Илиевски. Како што објaви овој портал преговорите се во тек, а наскоро ќе се знае дали ќе биде постигнат договор.

30.08.2014 - 11:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа