Работнички и Шкендија го отвараат 5. коло од Првата фудбалска лига на Македонија

Со натпреварот меѓу Работнички и Шкендија што се игра попладнево ќе стартува 5. коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Почетокот на дуелот е во 17 часот.

Дербито на колото се игра утре на стадионот во Ѓорче Петров, а играат Металург и Вардар. Покрај овој дуел играат уште: Силекс – Пелистер и Ренова – Брегалница.

Последниот натпревар од колото се игра во понеделник меѓу Тетекс и Хоризонт Турново.

Табела: Вардар 11 бодови, Металург 11, Силекс 11, Пелистер 9, Шкендија 8, Ренова 5, Работнички 4, Хоризонт Турново 4, Брегалница 3, Тетекс 2.

30.08.2014 - 12:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега