Сендвичара предизвика масовно труење со салмонела во Драчево - 50 деца на Инфективна

Педесетина деца од Скопје се затруле со салмонела и се згрижени на Инфективната клиника во главниот град, пишува Дневник.

Родителите чии деца се затруени и хоспитализирани на Kлиниката, велат дека лекарите им кажале оти има многу деца што се затруени најверојатно од една сендвичара во населбата Драчево. Децата се дехидрирани, со висока температура, повраќања, проливи и слабост поради што некои од родителите стравуваат за нивното здравје.

- Моите две деца сега се дома, но вчера имаа критичен ден. Повраќаа, има силни проливи и температура. Но, мојата внука, која има 4 години, е сместена на клиниката и прима инфузија. Се спаси само мојата снаа, која е бремена и одбила да и стават мајонез во сендвичот со плескавици. Многу сме уплашени оти девојчето е мало и кревко. А купивме сендвичи од место кое е многу познато во населбата, бевме убедени дека храната е во исправна состојба. На клиниката лекарите при приемот на девојчето ни рекоа дека сме едни од педесетината деца што се затруени од сендвичи купени во сендвичарницата во Драчево. Ова навистина н` уплаши од каде да купуваме храна и со што да ги храниме кога од секаде ги демне опасност - вели Бобан Ѓуриќ, родител на двете деца што се затруле. 

30.08.2014 - 13:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега