Откриен загубениот град на Македонија

Откриениот таен загубен град на Македонија е најновата археолошка атракција која предизвика огромен интерес кај Македонците, пишува Нова Македонија. Ова место се наоѓа на надморска височина од 1470 метри, и претставива највисоко откриениот град во земјата. Повисок е и од Крушево за околу 200 метри. 

Има поглед што се протега до Кожув, Ниџе, Пелистер, Битола, Прилеп, Демиркаписката Клисура, низ целата мариовска долина и речиси цела Пелагонија.

Најблиската точка до Висока до која може да се стигне со обично возило е мариовското село Крушевица. Стара и живописна сточарска населба од камени куќи, во која останале уште триесетина жители, кои чуваат неколку илјади овци и закачуваат низи со тутун од едниот до другиот крај на своите фасади.

Но зошто некој градел толку високо и толку далеку од сѐ?


- Затоа што локацијата е недостапна и е стратегиска точка. Доказ за тоа е и што местото не било напуштено сѐ до 6 век од нашата ера, значи околу илјада години. И не само тоа, туку има фрагменти и од праисторијата, а било значајна точка и во Првата светска војна - вели археологот Дејан Кебакоски од прилепскиот Институт за старословенска култура, кој го предводеше тимот од 18 члена, од кои 11 археолози, кои ги вршеа годинешните истражувања.
А кој го изградил? Кебакоски и директорот Лилчиќ ја споделуваат истата претпоставка, бидејќи крунски доказ, како натпис, сѐ уште не е најден. Во времето од кога датира локалитетот најмоќниот човек во Пелагонија бил кралот Менелај, и се смета дека само тој можел да си дозволи да направи такво здание. Се смета дека тоа било акрополата (горниот град) на градот на Пелагонците, а околу него е подградието.

Повеќе на Нова Македонија:

ФОТО: Нова Македонија

30.08.2014 - 14:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега