МАН: Она што се случи со новинарката Костовска во Грција е грубо кршење на слободата на движење

Македонската асоцијација на новинари, бара Канцеларијата за врски на Грција во Македонија, најитно да се произнесе и да ги обелодени причините поради кои на новинарката на дневниот весник Дневник”, Ивана Костовска викендов и беше забранет влез во Грција.

МАН, смеата дека регистрирањето на новинарката Костовска во регистерот на непожелни личности, со карактеристика опасност за јавниот ред и безбедност, јавното здравје и меѓународните односи, претставува грубо кршење на основните демократски постулати на слободата на движење. Ваквата одлука на грчките власти, за МАН е особено скандалозна бидејќи доаѓа од држава членка на Европската Унија.

Македонската асоцијација на новинари, не сака да верува дека оваа одлука е обид да се замолчат новинарите во Македонија да не пишуваат за состобите на македонското млацинство во Грција.

МАН, бара и канцеларијата на Европската унија во Македонија да се произнесе за овој случај и да преземе мерки за негово решавање, бидејќи и во одлуката на грчките власти се наведува дека тие постапувале на граница на Европската Унија и ги штителе интересите на Европската Унија.   

ФОТО: Утрински

најчитано сега