Процес на самооценување во рамки на вежбата „Здружен отпор 13“

Во Центарот за обука „Пепелиште“, во рамките на меѓународната вежба „Здружен отпор 13“ ќе за почне процесот на самооценување ниво 1 на Лесната маневарска болница.

 

- Самооценувањето - ниво 1 ќе го реализира тим на оценувачи, припадници на АРМ, под мониторинг на НАТО набљудувачи и експерти по области од медицината од Бугарија и Норвешка. Тимот од АРМ ќе го предводи мајор Билјана Блажевска, директор  на оценувањето. Со цел успешна реализација на активноста тимот за оценување учествуваше во планирачкиот процес на вежбата, изработката на сценариото на вежбата и листата на настани и инциденти. Во подготвителниот период беше реализирана и советодавна посета од Командата на сојузничките сили на НАТО, SXAPE на која се селектирани листите за оценување според кои ќе се реализира оценувањето, се вели во соопштението на АРМ.

ФОТ: Сител

најчитано сега